Ракомет
29. August 2017 - 11:15

Суперглоуб: 150 илјади долари за РК Вардар

Неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб, распределува солидни 750000 долари наменети за трите првопласирани екипи, што за ракометни прилики е навистина значајна сума, особено што се заработува за само неколку одиграни натпревари.
 
Најмногу заработи Барселона, која за освоеното прво место доби дури 400000 долари. Фуксе Берлин, како второпласиран, инкасираше 200000 долари, додека Вардар заработи 150000 долари.
 
Чисто за споредба, за освојувањето на Лигата на шампионите се добива 500000 евра.
 
Извор: ркметалург.мк