Сунде: Цукерберг е диктатор на „Фејсбук нацијата“
Еден од основачите на сајтот Пајрет-беј (Piratebay), Питер Сунде го нарече Марк Цукерберг – „диктатор на најголемата нација во светот,“ мислејќи на Фејсбук заедницата. Истовремено, тој ја осуди централизација на моќ на едно место.
На неодамнешната ИТ конференција во Амстердам, Сунде за ЦНБЦ изјави дека на интернет нема демократија.
- Луѓето кои работат во технолошката индустрија имаат голема одговорност, но никогаш не разговараат за тие работи... Фејсбук е најголемата нација на светот и, гледајќи низ призмата на демократијата, тука имаме диктатор. Марк Цукерберг е диктатор, рече Сунде.
Сунде нагласи дека не користи Фејсбук, но и дека заради тоа трпи неговиот „офлајн“ живот.
- Нема повици за забави, нема информации што се случува со моите пријатели, луѓето прекинуваат да зборуваат со тебе оти не си на Фејсбук. Тоа влијае на вистинскиот живот, дополни Сунде.
Фејсбук, којшто брои околу 1,6 милијарди корисници, засега се уште нема одговорено на овие „обвиненија“ и лични гледишта на Сунде.
Ново на Сител
-
Мајката на починатата студентка од Кавадарци во Штип лани измасакрирала и запалила човек
-
Судир на два автомобили и камион со приколка на автопатот „Пријателство“, тешко повредено едно лице
-
Инцидент на Скопскиот аеродром: Србин скршил стакло на заштитна врата, полицијата го уапсила
-
Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина
-
Вработените во ФЗОM на предупредувачки протест
-
Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон
-
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците