Сугарески: Во првите четири месеци гасификацијата е реализирана со 26,7 отсто
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ги демантира шпекулациите дека реализацијата на проектот за изградба на гасоводот во државата е застанат, при што нагласи дека само за првиот квартал од годинава се инвестирани толку средства колку што биле потрошени во текот на целата мината година.
– Во делот на гасоводниот систем во државата во моментот се работи убедливо најмногу, а реализацијата на средствата досега е со 26,7 отсто. Толку беа инвестирани лани, поради што тврдам дека реализацијата на капиталните инвестииции за гасификацијата ќе бидат реализирани стопроцентно, а можеби ќе требаат дополнителни средства преку ребаланс на буџетот. Во јавноста се слушаат и различни шпекулации околу висината на јавните инвестиици, кои во голема мера се неточни. Ако до истиот овој период минатата година беа реализирани 29,2 милиони евра за патишта, во моментот се преку 64 милиони евра. Покрај изградбата на автопатите, се работи и на експресните патишта, како и на реконструкција на триесетина други сообраќајни правци низ државата, истакна Сугарески.
Министерот Сугарески додаде дека при крај се преговорите за искористување на парите што беа наменети за изградба на аеродромот кај Штип.
-Се работи на анекс договорот со турската компанија ТАВ со цел средствата што беа предвидени за карго аеродромот кај Штип, да се пренаменат за изградба на водоводни и канализациски мрежи. Очекуваме во најкраток рок тој да биде потпишан и да се премине на реализација на инфраструктурните инвестиции. Дел од средствата ќе се користат и за подобрување на условите на скопскиот и охридскиот аеродром, а најголем дел ќе бидат наменети за канализациските и водоводни системи, како и за градинки и училишта во општините, додаде Сугарески.
Ново на Сител
-
Почнува реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Автобус на ЈСП се запалил во движење, го изгасил возачот но завршил во болница
-
Струга ќе добие Центар за аутизам, третманите ќе бидат бесплатни
-
Дополнетиот ребаланс на Буџетот утре на пленарна седница
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Муцунски за критиките за „српски свет“: Ние сме македонски свет, Пендаровски за пет години имал девет средби со Вучиќ
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани