Сугарески: Очекувам сериозно солидни резултати кај капиталните инвестиции
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оцени дека според последните показатели има сериозно подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот што го предводи во првиот квартал од годинава и оти очекува солидни резултати за тековниот квартал.
Одговарајќи на новинарски прашања, Сугарески рече дека во првите четири месеци кај гасификацијата се реализирани 27,4 проценти, односно 400 милиони денари, износ што бил реализиран во цела 2018 година. Последните показатели се високи и за делот на железницата, а се очекуваат оставрувања и кај асоцијхалните станови.
– Исклучително е добра реализацијата во делот на патиштата, мостовите, патарините кои не се водат под централен Буџет но многу малку се кажува за тоа. Ако споредуваме со ланската година, показателите што беа на 16 мај ако ланската година биле милијарда и седумстотини милиони денари сега се четири милијарди денари. Очекувам од она што го најавувавме и што во дел се остварува, веќе во вториот квартал се гледаат резултатите за реалзиацијата на капиталните инвестиции што очекувам дека ќе бидат сериозно солидни, изјави Сугарески, по потпишувањето на Договорот за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан.
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов истакна во првиот квартал годинава во однос на истиот период лани претпријатието има зголемување за 215 проценти кај платените завршени капитални инвестиции. Во 2018 година имало 950 милиони денари плус, а годинава две милијарди и 950 милиони денари.
Се работи на 94 проекти на територијата на целата држава. Се изведуваат рехабилитации на патишта во должина од 400 километри, се градат и се реконструираат мостови, свлечишта. За жал, посочи Китанов, нашите капитални инвестиции не влегуваат во капиталните инвестиции на државата.
Министерот за финансии Драган Тевдовски, исто така оцени дека годинава има подобрена реализација на капиталните инвестиции и оти очекува повисоки стапки на раст на БДП ако се земат предвид и податоците за другите негови компоненти, како индустриското производство, извозот и кредитната активност на корпоративниот сектопр.
– Кога ги анализираме бројките и кога ги гледаме компонентите кои влијаат на БДП важно е да кажеме дека оваа година во поглед на капиталните инвестиции сме многу подобри од минатата,пред се, Јавното претпријатие за државни патишта. Ако ги ставиме заедно другите компоненти на растот, ако тука го ставиме индустриското производство кое расте за околу осум проценти, извозот, растот на кредитната активност кај корпоративниот сектор, нашите очекувања се дека оваа година може да очекуваме дури и повисока стапка на раст на БДП. Заради тоа мислам дека е многу важно да се каже оваа година во поглед на капиталните инвестиции сме многу подобри од минатата година, релче Тевдовски.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, а четворица се повредени во руски напад во регионот на Киев
-
Познат идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче
-
Прегазена 72-годишна жена во Прилеп
-
Божиќно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан
-
Му дала 18.500 евра за да и ја направи куќата, останала и без пари и без куќа
-
Авион кружи над Скопје и не може да слета поради густа магла
-
174 ученици отпишани во првото полугодие во Куманово, минатата година се отпишале 131
-
Без вода дел од корисниците на бул. „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром