Македонија
8. јуни 2023 - 16:40

Судскиот совет доби нов заменик претседател и остана без двајца членови

Ниската транспарентност, незаконскиот избор на судии и разрешувањето на Дамева биле пресудни двајцата членови на судски совет да поднесат оставки. Радевска-Стефкова и Герасимовски, сакале да ја подобрат работата, но увиделе дека поголем придонес можат да имаат ако ја продолжат судиската кариера.

Дамева беше единствената која се заблагодари на соработката. Примерот го следеше и претседателот кој за негов избор не ја доби поддршката на Стефкова и Герасимовски.

Едногласно беа прифатени оставките и по девет месеци, двајцата членови денеска излегоа од салата во која се унапредуваат и разрешуваат судии.

Советот веднаш формираше комисии за избор на нивни наследници – ќе се бараат во врховниот и судовите од скопското апелациско подрачје.

Денеска од функцијата заменик претседател замина и Селим Адеми. На негово место седна судијата Ханиф Зендели.

Оставките во судски дојдоа по превирањата, но и критиката на холандскиот амбасадор дека советот е нелегитимно тело.