Македонија
2. January 2025 - 10:27

Судски совет утре избира нов претседател

Судскиот совет утре на седница ќе избира нов претседател, откако поранешната претседателка, Весна Дамева, пред еден месец поднесе неотповиклива оставка, а изборот беше одложен до комплетирање на составот со изборот на двајца нови членови од редот на судиите.

Првиот човек на Судскиот совет и неговиот заменик се бираат од членовите со право на глас, откако Уставниот суд во март 2023 го укина ограничувањето тие да се избираат само од редот на членовите избрани од Собранието.

Претседателот на Советот се бира со најмалку осум гласови од членовите на Советот со право на глас.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на Претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Петмина од членовите од редот на судиите беа израни минатата година. Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип, претходно во септември беше избрана судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје како член на советот од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата, додека во јуни нови членови станаа судиите Исамедин Лимани од Врховниот суд и Александар Камбовски, од битолското апелационо подрачје.

Останатите тројца членови на Советот од редот на судиите се судијката Антоанета Димовска избрана во јули 2023 година, судијата Ивица Николовски избран септември 2022 и Ханиф Зендели избран во јануари 2020 година.

По предлог на Претседателот членови на Советот се Весна Дамева, избрана во декември 2019 година и Миљазим Мустафа избран во јули 2019 година.

Членовите на Советот кои се бираат од Собранието се Тања Чачарова-Илиевска избрана во декември 2021 година, Павлина Црвенковска избрана во декемри 2020 година и Селим Адеми избран во декември 2019 година.

Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска се закажани седници на пет комисии.

Парламентот во декември изгласа негативен извештај за работата на Судскиот, што отвори го отвори прашањето за разрешување на членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на предновогодишен брифинг со новинарите рече дека „не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието“, но истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд за тоа.

- Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување на нови. Процедурата е одредена во Деловникот. Комисијата за избори и именувања како што ги назначила, на ист начин ќе бидат разрешени и така ќе оди назначувањето на новите членови на Судскиот совет. Од Комисијата за избори и именувања ќе зависи кога ќе почне процедурата, на дневен ред ќе биде штом има услови за тоа прашање, рече Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА вели дека овој состав на Судскиот совет можеби има легалитет, но нема легитимитет кај граѓаните. Нагласува дека кадровскиот потенцијал којшто треба да го освежи ова тело навистина треба да биде со импозантна цел и агенда пред себе, но и институционална меморија позади себе, односно да има биографија и тежина, бидејќи, како што посочи, „ако ние едните ги замениме со други, а останат навиките исти и начинот на однесување не сме направиле ништо“.

Овој ден, истакнува Мицкоски, е симболот на македонската борба за слобода и државност, ден кој врзува две епопеи и еден идеал, а тоа е идеалот за слободна и независна Македонија. Генерации на

Тој ова го одговори на прашањето за тоа дали останува на ставот за целосно распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители, за новиот закон за Судскиот совет, но и најавената смена на петмината негови членови кои се избираат преку Собранието.

Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет,  годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот и закажана седница за избор на нов претседател на 3 јануари оваа година. Судскиот совет, повторно се најде во фокусот на јавноста, но не само по контроверзно разрешување, па враќање, и на крајот оставка од функција на претседателката Весна Дамева, туку и по обидите за примена на дел од препораките на Оценската мисија во своето работење, како и отворените повици од власта за нивно распуштање и реформа на Законот за судски совет.

Во декември изминатата година, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка поради како што посочи „немањето слух кај извршната и законодавната власт да се обезбеди брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери од власта“. Судскиот совет тогаш остана да функционира без претседател. Подоцна, Обвинителството и полицијата влегоа во Советот да проверат евентуално сторено кривично дело со мандатот на Дамева, како и во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во предметот „Таргет-Тврдина“.

Премиерот Христијан Мицкоски уште на почетокот од мандатот започна со реализирање на тоа што го најавуваше во предизборната кампања – распуштање на Судскиот совет. Во летото минатата година повика на разговори и предлог решенија за Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, отворено кажувајќи дека нешто мора да се менува бидејќи довербата на граѓаните во судството е два проценти.

На ваквите најави, од Судскиот совет во мај преку соопштение порачаа дека судската власт е самостојна и независна и дека секое мешање во судството и во судската власт носи со себе сериозна опасност по демократијата, правната сигурност и владеењето на правото.

Откако не пристигна ниту еден предлог, премиерот Мицкоски во август заедно со министерот за правда, Игор Филков, оствари средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева по која Владата остана на ставот за потребата од коренити реформи во правосудството и за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители.
Најавите на новата влада за „распуштање“ на Судскиот и Обвинителскиот совет, Европската Комисија во Извештајот за 2024 година ги оцени со сериозна загриженост, бидејќи би ја поткопале независноста на судството. Оттаму прпеорачаа зајакнување на Судскиот совет преку ревидирање на законодавната рамка и нејзината севкупна функционалност во согласност со препораките на Оценската мисија.

Серијата стручни дебати што Министерството за правда ги организира во соработка и со поддршка на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, како појдовен работен документ ги имаа Предлог измените и дополнувањата на Законот за Судски совет, од работната група за адресирање на препораките од Оценската мисија.

Согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет. За постигнување на оценката дека во држав

Министерот за правда Игор Филков на последната петта тркалезна маса за консултации со стручната јавност за измените на Законот за Судски совет, порача дека согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет.

Филков, исто така, изрази увереност дека ќе добиеме соодветно законско решение кое што ќе ја постави основата за ефикасно функционирање на Судскиот совет, но нагласи дека Совет како тело е потребно да го врати легитимитетот, професионалноста и интегритетот со правилна примена за законските норми.
Судскиот совет, според проценките, има спроведено повеќе од две третини од 17-те препораки од Оценската мисија кои беа упатени на негова адреса, а за кои не беа потребни законски измени. Во мај беше изменет Правилникот за рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд, со што почна да се бодува дополнителна работа, менторство и делегирање. Согласно препораките од Оценската мисија, одлуките на Судскиот совет задолжително ќе се образложуваат, а ќе има рокови за сите фази на постапката. Во јуни Судскиот совет усвои нова комуникациска стратегија, согласно препораките на Оценската мисија на ЕУ, а судиите избираа и двајца нови членови на Советот.

На 510-та седница покрај изборот на претседател, се и разгледување и одлучување по приговор од судија, како и други прашања.