Судовите и обвинителствата со ново работно време
Јавните обвинителства и судовите во Република Македонија од денеска работат со ново работно време, од 7:30 до 15:30 часот.
Одлуката за новото работно време на судовите ја донесе Судскиот совет на РМ на седницата одржана на 30 август, согласно Одлуката на Владата за промена на работното време на администрацијата.
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски по седницата изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека ќе следат како тоа ќе влијае врз ефикасноста на работата на судовите.
В.д. јавниот обвинител на Република Македонија на 31 август донесе Одлука од 4 септември да се применува ново работно време, од 7:30 до 15:30 часот, во Јавното обвинителство на РМ, во Вишите јавни обвинителства и во Основните јавни обвинителства.
Ново на Сител
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром