Судот во Брисел ја разгледува тужбата на ЕК против Астра Зенека
Надлежниот суд во Брисел денеска почна да ја разгледува тужбата поднесена од Европска комисија против фармацевтската компанија Астра Зенека за непочитување на договорените рокови за испорака на вакцината против Ковид-19.
ЕК во понеделникот соопшти дека ја тужела Астра Зенека за непочитување на договорот за снабдување со вакцини против Ковид-19 и затоа што компанијата нема кредибилна програма да обезбеди редовна испорака.
Одложувањата во испораката на вакцини од британско-шведска компанија се смета за една од причините зошто Европска Унија доцни со вакцинирањето на населението зад Велика Британија, САД и Израел.
Адвокат на ЕК пред судот во Брисел изјави дека ЕУ бара итна испорака од сите фабрики наведени во договорот, вклучително и од фабриката во Велика Британија, која повеќе не е членка на Европска Унија.
На сослушувањето, кое е отворено за јавноста и се одржува по итна постапка, адвокат што ја застапува Астра Зенека истакна дека договорот не предвидува обврска на компанијата да доставува вакцини од сите нејзини фабрики.
Астра Зенека има фабрики во Холандија и во Белгија, кои се членки на ЕУ, но и во Велика Британија.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника