Балкан
12. August 2016 - 13:29

Судот во Адана нареди да се конфискуваат сиот имот и сметки на Ѓулен во Турција

Турски суд нареди да се конфискува сиот имот и сметки на Фетула Ѓулен во Турција. Овој муслимански проповедник Анкара го смета за најодговорен за обидот за преврат од 15 јули, пренесе денеска агенцијата Анадолија.

ДПА наведува дека наредбата е издадена од судот во Адана и се однесува на сиот имот и банкарски сметки, кои му припаѓаат на Ѓулен и на тројцата негови соработници.

Фетула Ѓулен е роден во Турција, а од 1999 година живее во САД во самонаметнато прогонство. Тој ги отфрли сите кон него упатени обвиненија, а барањето на Анкара за негова екстрадиција ги затегна односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Ердоган и Ѓулен беа сојузници повеќе од една деценија, пред да дојде до нарушување на нивните односи во текот на последните години.