Судири меѓу полицијата и демонстранти во Сент Луис
Американската полиција во градот Сент Луис минатата ноќ употреби солзавец за растерување на учесниците на протестите организирани поради судска одлука за ослобидување на полицаец белец, кој беше обвинет за убиство на црнец.
Станува збор за судски процес во врска со случајот од декември 2011 година кога белиот полицаец Џејсон Стокли истрела пет куршуми кон црномурестиот Ентони Ламар Смит нанесувајќи му смртни повреди. Ова убиство уште тогаш предизвика масовни протести на црнците во овој град во американската сојузна држава Мисури.
Во судирите со демонстрантите, од кои најголемиот дел црнци, во текот на минатата ноќ, полицајците привеле 13 учесници на протестите, кои кон полициските сили мавале со шишиња, камења и други тврди предмети.
При инцидентите се повредени четворица полицајци.
Ново на Сител
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром