Судири меѓу демонстранти и полицијата во Тирана
Приврзаници на албанската опозиција, кои протестираа пред Министерството за внатрешни работи во Тирана барајќи оставка ресорниот министер Фатмир Џафај, денеска се судрија со полицијата.
Протестите почнаа мирно, но продолжија со фрлање јајца врз објкетот на Министертвото, а кога медиумите објавија дека албанскиот премиер Еди Рама „не ни помислува да го разреши Џафај“, тензиите се зголемија и учесниците во протетсот се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во зградата, при што се судрија со полицијата.
Демонстрациите траеја нешто повеќе од два часа и на нив немаше обраќања, а учесниците носеа пароли и извикуваа „Џафај оди си“ и „Уапси го сопствениот брат“.
Во меѓувреме, медиумите јавија дека Џафај попладнево имал итна средба со Рама, која траела 45 минути, но нема информации за што разговарале.
Рама претходно изјави дека Џафај останува на функцијата, бидејќи нема ниту законска, ниту морална одговорност, оценувајќи дека обвинувањата против министерот за внатрешни работи претставуваат измама чија цел е дестабилизација на земјата,
Инаку, братот на Џафај, Агрон, кого италијански суд во отсуство го осуди на 7,2 години затвор за недозволена трговија со дрога, со полициска придружба отпатувал за Италија за да им се предаде на тамошните власти.
Ново на Сител
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава
-
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
-
Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор
-
Во несреќата на азербејџанскиот авион во Казахстан загинаа 38 лица
-
Не застанал на полициско предупредување па удрил во полицаец - Уапсен 48 годишен скопјанец
-
Екипите на ДПИ на терен, се вршат контроли на цените на производите
-
Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патот Кичево - Гостивар, преку Стража
-
Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата