Македонија
8. November 2017 - 16:47

Судијата Иван Џолев е нов претседател на Основниот Суд Скопје

Судијата Иван Џолев е нов претседател на Кривичниот Суд. Судскиот совет со 11 гласа за и 2 против му ја бдаде довербат5а да ја води скопска единица во конкуренцвија со уште 6 судии меѓу кои и неговиот претходник Вчладимир Панчевски.

Судијата Џолев 9 години дели правда во кривуичниот суд. Има 43 години и искуство од вкупно 15 во правосудството.

За членовите на Судскиот Совет при денешното одлучување пресудни биле како што велат личните квалитети а не бодувањето на ранг листата на која тој не вбил на врвот според бодувањето.

Судијата Џолев беше директен ривал на досегашниот претседател Владимир Панчевски. Двајцата меѓусебно си поднесуваа и кривични пријави. Џолев тврдеше дека Панчевски незаконски влијаел на неговата рабгота додека пак тогашниот претседател тужеше за лажно пријавување.

По Панчевски, функцијата претседател како вршител на должност времено ја извршуваше судијата на Врховниот Суд Стојанче Рибарев кој кон крајот на октомври од личнји причини си поднесе оставка. Неговото повлекување денеска формално беше констатирано од судкиот совет пред официјаслнод а биде избран новиот прв човек на кривичниот суд.