Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14-ти декември
Судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, продолжува на 14 декември.
На денешното рочиште, сведочеше сведокот Мухамед Халин, полицаец вработен како инспектор во Министерството за внатрешни работи. Тој сведочеше за уплатите кои што ги вршел како обезбедување на обвинетиот Драги Рашковски.
– Уплаќав најчесто за школарина за господинот Драги Рашковски и неговите деца, рече тој.
На прашање од обвинетиот Рашковски, дали некој од присутните му има дадено средства кои што тој требало да му ги даде на обвинетиот, тој рече дека во ниту еден момент се нема случено некој од присутните да му даде средства за тој да заврши услуга за обвинетиот.
Претходно, на денешното рочиште сведочеше и сведокот Александар Пејчиновски, директор на „Дигитал Медиа лаб“ и Костадин Ѓурчилов, вработен во „Дигитал Медиа лаб“.
Двајцата сведоци одговарајќи на прашања од обвинителството и одбраната зборуваа за процесот на склучување на договорите за реализацијата на обврските за набавка на софтверот.
Одбраната на Рашковски претходно на денешното рочиште продолжи со изведување на докази во кои ја образложи комуникацијта меѓу обвинетите која се однесува на набавката на софтверот.
На денешното рочиште, исто така, Народниот правобранител побара имотно побарување од обвинетите во износ од 1,4 милион денари.
Судскиот процес за случајот „Софтвери“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.
Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „ Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од Кривичниот Законик.
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина