Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
Судењето против Васил Јованов, возачот кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова започнува в петок во Основен Кривичен суд во Скопје со почеток во 10 часот. Васил Јованов е обвинет за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за кое е предвидена затворска казна до 20 години. Случајот ќе го води судијката Снежана Марковска.
Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.
Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова
Ново на Сител
-
Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетовo, приведени две лица
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во населеното место Потстаница во Драчево со капацитет за 75 деца
-
Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени
-
Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО
-
Росатом: Рускиот нуклеарен „штит“ треба да се зајакне во наредните години
-
Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун
-
Утре ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи