Судбина: Ацо возеше низ цела Америка, загина во своето родно село
Александар Митиќ (31), возач од Чикаго загина во средата вечер во тешка сообраќајна несреќа во околината на Лесковац, на пат кон селото Живково.
До сообраќајната несреќа дошло кога Александар, кој бил на мотор „кавасаки“, при свртување на спореден пат, во него удрил голф со кој укарвувал Н.С. (55) од околината на Лесковац, инаку со привремена работа во Швајцарија. Александар при сударот одлетал неколку метри и загинал на самото место.
Одмор во Србија
Во дворот од семејната куќа на Митиќ во село Мрштани кај Лесковац лелек, тага и неверување.
-Лела Ацо, сило мајкина, сигурност и радост. Како без тебе сине, плачеше мајката додека роднините и пријателите се подготуваа за последното испраќање на нивниот Александар.
Таткото, скршен од болка, молчи, солзи му течат, а тој тажи. Својот брат најмногу го оплакува сестрата. Како што велат најблиските, никој не може да прифати дека нејзиниот брат Ацо повеќе го нема, и дека поминал илјадници километри во САД, а настрада во близина на својата куќа.
-Со Ацо сум четири години во Чикаго. Заедно дојдовме да го поминеме одморот со своите. Јас сум кај моите во Ниш, а тој тука кај своите во Мрштане. Работиме иста работа, возиме камион. Бевме неразделни. Вчера цел ден бевме заедно, завршувавме некои обврски рпед да се вратиме во Чикаго.
После со пријателите бевме во Аква паркот во Дољевац, вели пријателот на Ацо, Даниел од Ниш и додава дека Ацо бил олицетворение на добрина. Им помагал на сите, и тука и во Америка.
Возачот на голфот е уапсен по сообраќајката, и му е одреден притвор под сомненеие дека предизвикал сообраќајна несреќа со смртен исход..
Ново на Сител
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1
-
Едно лице почина откако со товарно возило излетало од патот и се забило во заштитна ограда
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана