Суд во Њујорк му нареди на Трамп да исплати казна од 355 милиони долари
Судијата во Врховниот суд на Њујорк, Артур Енгорон синоќа пресуди парична казна за поранешниот претседател Доналд Трамп во висина од 354,9 милиони долари, и му забрани да раководи компании во Њујорк, вклучувајќи ја и неговата Трамп Организација.
Трамп е прогласен за виновен поради тоа што прикажувал поголема вредност на својот имот и објекти при добивање на кредити. Пресудата на Енгорон е напишана на 92 страници.
Граѓанската парница против Трамп беше покрената по тужба од генералниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс. Таа го обвини Трамп и неговите синови за прикажување на завишена вредност на активите на Трамп Организација за 3,6 милијарди долари годишно во текот на десет години, со што добивал од банките кредити со подобри услови.
– Правдата денеска е послужена… Ова е измама на белите јаки и не е без жртви. Големината и обемот на криминалот е зашеметувачки, изјави таа.
Заедно со претходно изречената пресуда за исплати од 83 милиони долари на авторката Елизабет Џин Керол која го обвини за силување, Трамп сега должи вкупно 438 милиони долари. На тие пари отсега се сметаат и камати што би можеле да достигнат и до 100 милиони.
Пресудата изречена синоќа е резултат на тримесечен судски процес во Менхетен. Случајот се водеше без учество на порота. Судот ислуша 40 сведоци вклучувајќи го и самиот Трамп.
Аналитичарите изјавија дека Трамп може да ги исплати овие астрономски суми ако ја даде под хипотека својата раскошна резиденција Мар-а-Лаго на Флорида.
Пресудата има негативен ефект и врз тоа како ќе се одвива неговата кандидитура за претседател. Критичарите се плашат дека Трамп може да искористи пари од кампањата и да ја банкротири Републиканската национална конвенција (РНЦ) каде како копретседавач неодамна дојде неговата снаа Лора Трамп, сопруга на неговиот трет син Ерик.
Трамп досега потрошил околу 40 милиони долари кампањски средства за исплата на судски трошоци и адвокати.
Ново на Сител
-
Без вода утре корисниците од „Мишко Михајловски“ и дел од „Франклин Рузвелт“
-
23-годишен гостиварец лажно пријавил дека му извадиле нож, поденесена му е кривична пријава
-
ЈО: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува
-
Папата го прогласи 7 октомври за ден на пост и молитва за мир
-
Борис Кондарко избран за претседател на ДИК
-
Во Србија поголемиот број училишта не работеа, протест на просветните работници
-
Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка