Студија: Една доза вакцина значително ја намалува инфекцијата со коронавирусот
Ризикот едно лице да се зарази со коронавирусот е значително помал по примaње на една доза од вакцините на Астра Зенека и Фајзер, покажа британско истражување.
Вакцината дала добар одговор кај луѓе постари од 75 години и кај луѓе кои имаат хронични болести, како и кај други лица, јави Би-Би-Си.
Британската Служба за национална статистика (ОНС) и Универзитетот во Оксфорд утврдија уште посилен имунолошки одговор кај сите луѓе по две дози.
Истражувачите, поделени во две студии кои сè уште не се прегледани и објавени, ги темелеле своите резултати врз основа на тестови за коронавирусот кај 370.000 луѓе во Велика Британија, што е најголемата студија досега.
Во првата студија, луѓето кои биле вакцинирани со една доза на Астра Зенека или Фајзер Pfizer имале 65 проценти помали шанси да се разболат од Ковид-19.
Три недели по првата доза, почнувајќи од декември 2020 година и почетокот на април 2021 година, бројот на симптоматски инфекции паднал за 74 проценти, додека бројот на асимптоматски инфекции паднал за 57 проценти.
Луѓето кои примале две дози на Фајзер имаат 90 проценти помали шанси да бидат заразени со коронавирусот, но процентот не може да се утврди за Астра Зенека затоа што малку луѓе учествувале во студијата, со оглед на тоа што интервалот меѓу двете дози е 12 недели, а и вакцинирањето со овој лек почна подоцна.
Студијата покажа дека и двете вакцини се ефикасни против британската мутација на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовски Порој, затекнат на дело
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД