Студии: Излекуваните од Ковид-19 развиваат имунитет
Две студии спроведени на мајмуни кои денеска се објавени, даваат некои од првите научни докази дека оние кои се излекувани од Ковид-19 можат да развијат имунитет од повторна инфекција, што е позитивен знак дека вакцините на кои се работи можат да бидат успешни, изјавија американски истражувачи.
Во една од новите студии истражувачите заразиле девет мајмуни со Ковид-19.
Откако оздравеле, тимот повторно ги изложил на вирусот, но животните не се разболеле.
Наодите сугерираат дека тие развиваат природен имунитет кој ги штити од повторно изложување, рече доктор Ден Барух, истражувач во Центарот за истражување на вирусологија и вакцини на Харвардскиот Бет Израел Диконис медицински центар во Бостон, чии студии се објавени во списанието „Сајанс“.
– Тоа е многу добра вест, истакна Барух.
Во друга студија, Барух и неговите колеги тестирале 25 мајмуни со шест прототипи на вакцини за да утврдат дали антителата произведени како одговор им даваат заштита.
Тие потоа ги изложиле тие мајмуни и 10 контролни животни на коронавирусот.
Кај сите контролни животни вирусот се појавил во висок степен во носовите и белите дробови, додека животните кои биле вакцинирани имале значен степен на заштита, рече Барух.
Според него, осум вакцинирани животни биле целосно заштитени.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа