Студентскиот дом „Скопје“ ја врати старата цена
Цената за сместување и исхрана во студентските домови во Скопје ќе биде вратена на стариот износ и ќе изнесува 3645 денари, соопштија од Државниот студентски дом - Скопје.
„Државниот Студентски Дом „Скопје“ – Скопје на седницата на Управен Одбор одржана утринава а по претходна координација со Министерството за Образование и Наука и министерот Јетон Шаќири донесе одлука за враќање на цените за сместување и исхрана на студенти, односно цената од 3.945,00 денари се враќа на 3.645,00 денари, исто како претходните години, се наведува во соопштението.
Оттаму наведуваат дека при покачувањето на цените за сместување и исхрана биле земени во предвид сите трошоци на ДСД кои како што велат се значително поголеми и не е прекршена ниту една процедура.
По реакцијата на студентите за покачените цени одлучено е тие да се вратат на старите суми, а дополнително да се бара решение за нормално функционирање на студентските домови, истакнуваат од овој студентски дом.
Ново на Сител
-
Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили
-
Просечната нето плата во март 44.763 денари
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години