„Студентски отпор“ најави нов протест, бара исполнување на сите барања
„Студентски отпор“ – организаторот на вчерашниот протест пред Собранието, не е задоволен од договореното на средбата во Собранието меѓу студенти – претставници на универзитетски собранија со пратеници и министерот за образование и наука и повика на нов протест в четврток.
-Јавно соопштуваме дека не сме задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа.
Ние како студенти остануваме на нашите барања: Издвојување средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно; Издвојување средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите; Издвојување средства за реновирање и обезбедување нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови и издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја, објави синоќа „Студентски отпор“ најавувајќи нов протест за 17 ноември.
По вечерашната средба во Собранието помеѓу претставниците на студентските собранија, пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на која присуствувал и премиерот Димитар Ковачевски, беше договорено субвенцијата за студентски оброк студентите да ја добиваат по старите услови, а до март работна група да најде системско решение за нов закон. Биле разгледани и други аспекти од студентскиот стандард, пред сè подобрување на условите во студентските домови.
„Студентски отпор“ во реакцијата наведува дека единственото барање кое е прифатено на средбата е повлекување на измените на Предлог-законот за студентски субвенциониран оброк и дека, поради тоа, нема да отстапат „сѐ додека итно не се реализираат и останатите барања“.
-Ве повикуваме во четврток, на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од 17 часот. Маршот ќе почне од Министерството за образование и наука и заедно ќе се упатиме кон Собранието на Македонија. Ги повикуваме сите студентски организации, универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и невладини организации да се придружат во нашата борба, објави „Студентски отпор“.
Ново на Сител
-
Скопје се придружи кон повикот на ЕУ на безусловен 30-дневен прекин на огнот во Украина
-
ФИФА одлучи: 48 екипи за Светското првенство во фудбал за жени
-
Шефот на дипломатијата на Србија: Нема да има санкции од ЕУ поради посетата на Вучиќ на Москва
-
САД и Кина денеска почнуваат трговски преговори во Швајцарија
-
Приведен стружанец, управувал мотоцикл со 2,28 промили алкохол и излетал од патот
-
За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци