Студентите во блокада со повик за оддавање почит за жртвите во Кочани во - Крагуевац и Нови Сад
Студентите во блокада во Србија ги повикаа жителите на Крагуевац да дојдат на Студентскиот плоштад вечерва во 19 часот за да им оддадат почит на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани, јави МИА.
Студентите од белградскиот универзитет им оддадоа почит на настраданите во пожарот во Кочани, а најавија и нивните колегите од Нови Сад и од Ниш.
Студентите кои ги блокираат факултетите во Нови Сад ги повикаа сите граѓани да присуствуваат на денешниот митинг на Плоштадот Слобода, каде ќе им оддадат почит на трагично загинатите во Кочани. Оддавањето почит ќе биде во 18 часот.
„Во тишина и заедништво ќе запалиме свеќи и ќе положиме цвеќе во знак на сеќавање“, наведоа новосадските студенти.
Претходно денеска студентите протестираа пред градското собрание и развирија транспарент на кој пишуваше „Седница на ден на жалост“, по што положија венец за загинатите во Кочани.
Денеска во Србија е Ден на жалост поради пожарот во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 155 беа повредени.
Ново на Сител
-
Рекордна заработка од „Ел класико“
-
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил
-
Меџити до Таравари: Ти не ја напушташ Владата, ти ја предаде Владата
-
Зеленски го потпиша договорот за економско партнерство со САД
-
Кос: Инструментот за реформи и раст може да донесе значителен развој на земјите од Западниот Балкан
-
Сообраќајка на патот Берово - Виница, сообраќајот во прекин
-
Без вода неколку улици во Карпош и Кисела Вода
-
Опожарено возило во Аеродром