-->
-->
Студентите скршени од болка сведочат за убиените другари
-->
Момчето кое успеа да се спаси од автомобилот на смртта рекло дека зад воланот бил Вјекослав Божановиќ, на совозачкото место била неговата девојка Антонија, додека позади седеле тој, Домагој и Тена.
Вјекослав во еден момент се наведнал да побара нешто, веројатно ЦД, и тогаш автомобилот скршнал од патот, се одбил и слетал во Неретва, раскажува преживеаното момче.
Според неговите зборови, додека биле заробени во возилото, во реката се обидел да излезе низ багажникот, но не успеал. Потоа видел дека е скршено едно стакло, го пробил и успеал да се извлече од автомобилот, да доплива до брегот и да се спаси.
Телото на Вјекослав Божановиќ од Винковци кој управувал со „шкодата фабиа“, вчера попладне е извлечено од Неретва. Нуркачите го пронашле 15 метри од автомобилот кој влета во реката и во кој загинаа тројца негови колеги -Тена Врачевиќ, Домагој Росо и Антонија Шариќ, девојката на Вјекослав, кои од Мостар патувале кон дома, за да бидат со семејствата за престојните празници.
Четворицата загинати биле студенти на филозофија, агронимија, физичка култура и медицина, на Универзитетот во Мостар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?