Македонија
27. September 2020 - 16:50

Студенчишко блато нова мета на крадците

Крадци оперираат во каналот Студенчишта. Три моторни пенти од чамци закотвени кај Биљанини извори и еден таблет од бродска кабина се украдени деновиве.

Сопствениците на пловните објекти сметаат дека се работи за вешти крадци кои најверојатно извесен период го надгледувале каналот каде по завршување на сезоната има значително помала фреквенција. Тие во различни временски периоди со подесен алат кинејќи ги безбедносните синџири доаѓале до пленот.

Добрите познавачи сметаат дека потребна е поголема контрола на пловните објекти и евиденција кој се е присутен во езерото.

Инаку на подрачјето на СВР Охрид од почетокот на годинава изврешни се вкупно 48 кражби додека истиот период лани оваа бројка изнесува 63.