Македонија
27. November 2020 - 16:38

Стружанец се откажа од бугарското државјанство

Стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство. Денеска со плико во рака пo пошта ги врати пасошот и патните исправи на Бугарија преку едно од нивните претставништва во нашата земја. Тој вели дека поради егзистенцијални причини се одлучил да се стекне со бугарски исправи кои ги поседува од 2003 година, но во моменти како што потенцира кога Македонија е уценета и понижена од државниот врв на Бугарија ниту една привилегија што ја нудат европските исправи не е доволна да ја компензира штетата која и се нанесува на македонската држава па револтиран поради тоа се одлучил на ваков чекор.

Јолески како што истакна бугарски пасош земал и поради здравствени причини бидејќи е еден од пациентите кој чека трансплантација на срце.

Стружанецот ги повика и останатите кои поседуваат бугарски исправи доколку се во можност да го направат истото.