Македонија
25. April 2019 - 16:29

Стружанец предизвикал пожар - оганот се проширил на имотите на 6 лица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лицето З.М.(70) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 20.03.2019 година во село Мороишта, струшко, пријавениот на нива запалил сува трска и трње, по што пожарот се проширил и на имотите на Г.Ј.(38), Ј.Ј.(43), В.Р.(47), Р.М.(33), В.Л. и Л.П.(55). Притоа, биле опожарени три плевни, бали со сено, штала со домашни животни, кровна констукција на куќа, огревни дрва, покуќнинаи други предмети, со што била причинета материјална штета од околу 900.000 денари.