Македонија
16. October 2018 - 15:50

Струмичани ја покажуваат својата хуманост со донирање храна

На два пункта струмичани денеска ја покажуваат својата хуманост со донирање храна во рамки на акцијата „Нахрани 10.000“ по повод 16 Октомври, Светски ден за борба против гладта.

Акцијата ја организираше Црвениот крст и Здружението „Вера“ од Струмица, а под мотото „Ајде Македонијо нахрани 10.000“.

- Имаме добар одѕив на граѓаните на нашата акција и се надеваме дека ќе ја повториме бројката од минатиот месец кога собравме количина за 50 пакети, информираше Љупчо Јанков од Црвениот крст на Струмица.

Собраните прехранбени артикли ќе бидат пакувани во пакети и ќе им се доделат на социјално загрозени семејства.