Македонија
13. December 2018 - 13:02

Струмичанец е осомничен за обљуба на немоќно лице

Триесет и две годишен струмичанец е осомничен за обљуба на немоќно лице. Грозоморниот чин се случил во  едно од струмичките села, а случајот во полиција го пријавила мајката на девојката која била нападната. Таа во текот на вчерашниот ден во струмичката полиција раскажала дека врз нејзината ќерка која има умерена психичка попреченост била извршена обљуба. Случајот го потврдија и од  СВР Струмица од каде информираа дека веднаш по пријавувањето на настанот од страна на полициски службеници се преземени мерки за идентификување на сторителот и расветлување на целиот кривично правен настан.

Осомниченото лице е пронајдено и лишено од слобода во просториите на секторот за внатрешни работи во Струмица. Против него е поднесена и кривична пријава. По извршениот разговор заедно со пријавата  со која се сомничи дека сторил кривично дело обљуба врз немоќно лице тој е предаден во основното јавно обвинителство во Струмица за натамошна постапка.