Македонија
11. January 2023 - 9:44

Струмица: Уапсен 39 годишен маж кој што во продажен објект одзел пари

Струмичката полиција синоќа во 23.50 часот во Струмица го привела  Ѓ.А.(39), кој се сомничи дека околу 19.00 часот извршил тешка кражба во продажен објект во Струмица, при што одзел пари.

Како што информираат денеска од МВР, по наредба на струмичкиот Основен суд бил извршен претрес во неговиот дом во Струмица, при што биле пронајдени паричните средства, кои ќе бидат вратени на сопствениците.

Ѓ.А. е задржан во Полициската станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.