Струмица подготвена за најавените снежни врнежи
Со 30 тони индустриска сол, 30 тони ризла и ангажирани 30 луѓе, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од Струмица е подготвено за справување со последиците од снегот и ниските температури кои што се најавуваат.
Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“, зимската служба на Комуналец веќе втор месец е во приправност и подготвена да интервенира веднаш на улиците и тротоарите.
- За итна интервенција ангажирани се 30 луѓе, а на располагање се две возила со нож за расчистување на коловозите во градот, два трактора со циклони за посипување сол и ризла на улиците, мала машина со нож за чистење на снегот од тротоарите и плоштадот, 30 тони индустриска сол и 30 тони ризла. Доколку има потреба, ќе биде активирана и дополнителна механизација, вели Ѓоргиев.
Општинскиот штаб за заштита и спасување, како што информираат, денеска одржа состанок на кој е договорено да се воведат континуирани дежурства заради следење на состојбата.
Ново на Сител
-
Акција за чистење на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место