Македонија
13. September 2023 - 12:24

Струмица набави 20 полуподземни контејнери

Струмица го подобрува начинот на управување со отпадот. Во иднина граѓаните комуналниот отпад ќе го одлагаат во полу подземни контејнери . За таа цел општината веќе ги набави првите 20 за кои одвои 9.717.300 денари. Градоначалникот на Струмица вели дека овој проект се реализира на барање на граѓаните кои реагирале за малиот капацитет на постоечките контејнери од 1 метар кубен.

Во рамки на проектот веќе тече набавката и на специјализирано возило со помош на кое ќе се собира сметот од овие контејнери. Од Комуналец велат дека реализацијата на проектот е многу важна за нивното работење бидејќи на преку него се олеснува собирањето и депонирањето на отпадот, но во исто време повеќе ќе ги нема и грдите слики со мали депонии насекаде низ градот.

Од општина Струмица најавуваат дека овој проект продолжува и за него ќе бидат предвидени средства и во буџетот за следната година. Во насока на подобра и почиста животна средина  пред неколку месеци општината го започна и процесот на селекција на отпад за што 1200 домаќинства добија бесплатни канти за одлагање на пластика и лименки.