Македонија
21. јуни 2021 - 12:34

Струмица доби советувалиште за жртвите на семејно насилство

После шелтер центарот, жртвите на семејно насилство од струмичкиот регион  добиваат и советувалиште за семејно и родово базирано насилство.  Освен Скопје,  Струмица и Штип се единствените градови во државата кои во моментов имаат такви  советувалишта. Целта е преку нив  да им се  пружи неопходната поддршка на лицата кои трпат насилство во семејството , а при тоа не треба секогаш да завршат во шелтер центрите.

-Сите жртви кои што бараат помош и поддршка од општествени чинители не секогаш завруваат и не треба да завршуваат во шелтер центри каде што се згрижуваат згрижуваат само оние на кои им е загрозена безбедноста по здравјето и животот. Советувалиштата за жени и деца жртви на семејно насилство ќе овозможуваат целосна психо социјална поддршка на жртвите во справување на процесот на семејното насилство, излегување од насилната семејна средина, ресоцијализација, закрепнување и и нов почеток надвор од насилната срединa, вели Стојане Митева - Здружение Скај Плус

потребната психолошка и социјална помош че ја даваат стручни лица . Услугите  се бесплатни, а може да ги користат сите кои биле жртви  или пак во одреден момент трпат семејно насилство.

-Ќе работи еден психолог и еден социјален работник, ќе се отпочне еден процес на советување, психо социјална поддршка на жртвите се со цел изнаоѓање на едно заедничко решение, вели Митева

 Од здружението Сакј плус кое се јавува како партнер на невладината Хера во реализацијата на овој проект, велат дека неопходноста на советувалиштето ја покажува и бројот на пријави кои според нивните анализи  на годишно ниво се движи помеѓу 600 и 700. Голем број жртви заштита побарале и во шелетер центарот во Струмица. За околу  година и пол во него биле згрижени близу 30 жртви со нивните деца за разлика од  шелтер центрите во Скопје каде на годишно ниво во просек се примаат по пет жртви.