Струмица доби нов стадион
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го претстави стадионот „Младост“, непосредно пред квалификацискиот меч против Лихтенштајн, и тоа со прекрасни фотографии направени од птичја перспектива.
- Фудбалскиот храм во Струмица блеска и официјално може да се нарече дека е вториот најубав стадион во нашата земја, по Арената „Филип Втори“ во Скопје. Фотографиите од птичја перспектива изгледаат навистина моќно, а челниците на мак-фудбалот покажаа дека теренот е подготвен за мечот со Лихтенштајн. Дуелот кој за нашата репрезентација ќе биде последен во квалификациите за СП 2018 ќе биде вториот кој ќе се игра надвор од Скопје, по натпреварот против Албанија, кој исто така се одигра на „Младост“, информираа од ФФМ.
Стадионот комплетно се реконструираше за само два месеци, целосна инвестиција на Фудбалската Федерација на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и општина Струмица.
Стадионот „Младост“ доби нови рефлекторите, две нови трибини – Источна и Западна со капацитет од 1.200 нови места за седење, се инсталираа комплетно нови столчиња на останатиот дел од стадионот, со комплетна нумерација. Меѓу другото изградени се и нови ТВ Платформи за комплетен пренос на квалификациски натпревар согласно барањата на УЕФА. Инсталирани се и камери за мониторинг систем за следење на случувања на и вон стадионот, од посебна контролна просторија.
Ново на Сител
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните