Стручна расправа за предлог новиот Кривичен законик
Стручна расправа за предлог новиот Кривичен законик ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Министерството за правда, во соработка со Мисијата на ОБСЕ.
На отворањето на дводневната расправа, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која.
Осврт на измените во Општиот дел на Предлог-Кривичниот законик, ќе даде академик Владо Камбовски, кој е претседател на Комисијата за подготовка на новиот Кривичен законик.
На првиот ден од стручната дебата ќе дискутира по однос на измените во Глава 14: Кривични дела против човештвото; Глава 15: Кривични дела против животот и телото и Глава 22: Кривични дела против половата слобода.
Вториот ден од стручната дебата ќе биде поделен во два дела. Во првиот, претпладневен дел, како што е најавено, ќе се отвори дискусија по однос на измените во Глава 24: Кривични дела против здравјето на луѓето; Глава 25: Кривични дела против животната средина и природата и Глава 26: Кривични дела против имотот.
Во попладневниот втор дел од стручната дебата, ќе се дискутира по однос на измените во Глава 28: Кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството; Глава 33: Кривични дела против службената должност и Глава 36: Кривични дела против јавниот ред.
Ново на Сител
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 4 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание