Строгите мерки во Словенија остануваат на сила и следната недела
Ригорозните мерки на запирање на социјалниот живот во Словенија ќе останат на сила и следната недела, одлучи владата на Јанез Јанша бидејќи епидемиолозите проценуваат дека вториот бран на епидемијата на Ковид-19 сè уште не го достигнал својот врв.
„За жал, проекциите велат дека бројот на пациенти ќе продолжи да расте, па затоа мерките се продолжуваат за уште една недела“, рече премиерот Јанша на „Твитер“ по состанокот на владата со епидемиолозите.
„Ако ги поддржиме напорите на здравствените работници со нашето однесување, тогаш за седум до десет дена можеме да очекуваме олеснување на мерките“, рече премиерот на Словенија.
Соодветно на тоа, владата донесе одлука учениците и студентите да останат дома следната недела, што ќе се смета за есенски одмор, така што нема да има ниту онлајн настава. Детските градинки ќе бидат делумно отворени за вработените кои работат во важни служби како што се вработени во здравството, пожарникарството, цивилна заштита и полиција.
Ново на Сител
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот
-
АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Исчезнат е 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино
-
Јаневска: Ова е нацрт-концепција и може да претрпи промени
-
Денеска и утре релативно топло, од недела вечер дожд и опаѓање на температурите
-
16-годишна девојка со нож го прободела својот татко во Пробиштип