Македонија
22. December 2018 - 11:28

Стравична сообраќајка во Скопје, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје, има повредени. 

Како што стои во билтенот на МВР, вчера  во 14,00 часот во Скопје на ул.„Тодор  Александров“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено “ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.П (66) од Скопје  и мопед „Јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.К(38) од Охрид. Возачот на мопедот Ј.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ургентен центар -Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.