Македонија
26. March 2017 - 12:40

Страв на пругата кон Табановце, каменуван патнички воз

На влезот на железничката станица Куманово вчера во 17:20 часот од страна на непознати лица бил каменуван патничкиот воз кој сообраќаа на релација Скопје-Табановце.

При нападот нема повредени лица.

Како што информира денеска МВР, каменувањето е извршено на влезниот сигнал на железничката станица Куманово кај село Черкези, при што е искршено едно прозорско стакло од врата, а напукнати биле и две стакла од вагон.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.