-->
-->
Стратешко партнерство со Британија
-->
Премиерот Мицкоски и британскиот премиер Стармер денеска во Тирана потпишаа Договор за стратешко партнерство.
Двајцата премиери имаа билатерална средба на која како што информираат од Владата, постигнале согласност за стратешко партнерство на земјава со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Владини извори за Сител велат дека овој договор претставува стратешко позиционирање на Македонија во делот на интересите на една од најмоќните светски политички и економски сили и ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји.
Од него Македонија очекува засилена економска и политичка соработка со Велика Британија во пресрет на плановите на Владата за засилен инвестициски циклус пред се во инфаструктурни проекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен