Македонија
27. September 2017 - 13:49

Страшна сообраќајна несреќа во Македонска Каменица - едно лице загина

Вчера во 13 часот 30 минути  на улица  „Тачовска“ во Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од 32- годишниот Д.С од Македонска Каменица и патничко возило „Фолксваген Поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55- годишниот  Д.К од Македонска Каменица. 

Во незгодата од здобиените повреди 75- годишната Д.К. од Македонска Каменица, сопатничка во возилото „Фолксваген Поло“, починала на местото на настанот.

 Возачот од истото возило, Д.С. се здобил со расекотини на главата и бил пренесен во Медицински центар Штип. 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонска Каменица.