Балкан
29. May 2016 - 10:53

Страшна сообраќајна несреќа помеѓу 3 автомобили кај Кутин - три лица го загубија животот

Три лица трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа која утрово се случила на автопатот А3 недалеку од Кутин во Хрватска.

Од хрватксата полиција, информираат дека во несреќата учествувале три возила.

Поради оваа трагична несреќа автопатот е затворен за да се изврши увид и да се утврдат околностите за причините.

Од надлежните за улици и патишта информираат дека патот е затворен помеѓу Кутин и Новска.