-->
-->
Страшна сообраќајна несреќа - Егзит" ќе завршеше со трагедија
-->
Дејв Кларк, еден од највлијателните диџеи во светот, познат под прекарот Техно Барон, преживеа страшна сообраќајна несреќа недалеку од аеродромот „Никола Тесла“ откако со Продиџи го затворија овогодишниот Егзит фестивал.
Иако е тешко повреден, сепак слетал во Амстердам, огорчен затоа што цел час чекал помош на автопатот.
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека несреќата ја преживеал само благодарение на воздушните перничиња на автомобилот.
-Свирката беше неверојатна, но не и патот кон дома. Спиев на задното седиште и се разбудив кога удривме во бандера, а потоа слетавме во следната лента. Среќа, не удривме во друг автомобил, напиша тој покрај фотографијата на уништениот автомобил.
Кларк додал дека е во агонија од болки, но дека некако успеал да дојде до аеродромот и да си дојде дома.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Историски аспект на Илинденското востание и Илинденската република
-
121 година од Илинденското востание
-
80 години АСНОМ
-
Чествување на Илинден
-
Филипче: Двата Илиндена не обединуваат
-
Пожарите беснеат низ државата, најкритично на Осоговските планини
-
Пожарникарите се борат со огнот над Косел
-
ОЈО и МВР истражуваат има ли злоупотреба на овластувања во случајот со Косовската претседателка