Македонија
28. October 2017 - 12:39

Страшна сообраќајка во Македонија - возачот починал на лице место

Во 07 часот и 45 минути на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна незгода во која 55-годишниот М.К. од Свети Николе управувајќи патничко возило “Голф“, со штипски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво покрај патот.

Во незгодата, возачот М.К. од здобиените повреди починал на самото место.

Од страна на лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата Свети Николе.

Се работи на целосно расчистување на случајот.