-->
-->
Страшна сообраќајка во центарот на Скопје
-->

Автомобил „фолсфаген голф“ е целосно уништен доцна ноќва околу 3 часот, откако возачот удрид во дрво, а потоа и во метално столбче. Сообраќајката се случила на улицата „Васил Ѓоргов“ во Капиштец, кај трговскиот центар „Зебра“.
Како што информираат од СВР Скопје за „Република“, со возилото со скопски регистерски таблички управувал 20-годишниот А.А., кој со возило на Итната медицинска помош веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Иако неговото возило е уништено, младиот возач се здобил само со лесни телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пратен на домашно лекување.
Полицијата извршила увид на местото на настанот.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар
-
СУТКОЗ ќе му поднесе кривична пријава на директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Од 15 август стартува „училишната кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен ќе ја оценува уставноста на протоколот со Бугарија - Поповска очекува да биде прогласен за ништовен
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?