-->
-->
Страшна сообраќајка во Белград: Трамвај излета од шини, има загинати
-->
Едно лице загина, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Белград, која се случи утрово, кога трамвај излета од шините.
Несреќата се случила кога автомобил „Дачија“ поминал на црвено и се удрил во предниот дел на трамвајот, кој од силата на ударот излегол од шините, удрил во дрво и згазил пешак.
Човекот починал на местото на несреќата.
Според неофицијални информации, повредени се пет лица, вклучувајќи го и возачот на автомобилот. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Двајца од нив се во критична состојба.
На местото на инцидентот се испратени полициски екипи, итна медицинска помош и пожарникарска служба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба