Балкан
27. August 2023 - 9:42

Страшна сообраќајка кај Златибор: Мајка и татко загинаа, две девојчиња со повреди пренесени во болница

Стравична сообраќајна несреќа утринава се случи на патот Ужинце-Златибор, пренесуваат српските медиуми.

Околу 8 часот се судриле камион и автомобил.

Загинале маж и жена, а две девојчиња се повредени, дознава Нова.рс.

Како што пишува Нова.рс, околу 08:05 часот се судриле цистерна и патничко возило Шевролет, при што според неофицијални информации од повредите починале мајката и таткото од автомобилот, додека, според првичните информации, повредени се две девојчиња и итно пренесени во болница.