Македонија
4. January 2016 - 22:06

Страшна сообраќајка кај Штип, двајца загинати

Две лица ги загубија животите во сообраќајна несреќа која се случила околу 19 часот кај Штип.

Според првичните информации, несреќата се случила на излезот од Штип на патот кон Радовиш.

Автомобилот во кој биле двајцата мажи од засега неутврдени причини излетал од патот и завршил во водите на Брегалница. Двете лица починале на лице место.

Од полицијата за Курир ја потврдија несреќата додавајќи дека во тек е увидот по што ќе бидат познати повеќе детали.