Свет
29. November 2019 - 11:26

Страотно убиство на новинарка во Пакистан: Мажот пукал во неа зошто не сакала да ја напушти работата

Една новинарка од Пакистан е убиена на истокот од земјата, откако во неа пукал сопругот кој претходно барал таа да ја напушти работата.

Меѓународната федерација на новинари го повика Пакистан да спроведе истрага за убиството на Уруја Икбал, која била репортер во локалните весници.

Нејзиното семејство вели дека ја предупредиле полицијата дека нејзиниот сопруг ја малтретира, но ништо не е преземено.

Полицијата соопшти дека го уапсила нејзиниот сопруг и го обвинила за убиство, пренесува АП.

Пакинстанките често се соочуваат со вознемирување на работното место, но многу престапници ја избегнуваат казната, зошто жртвите не пријавуваат такви инциденти за да ја избегнат општествената стигма.