Страотно: Убил шестмесечно бебе, на суд рекол - Мислев дека е голем пајак!
Двејн Линдси (36) од Австралија се товари дека убил шестмесечно бебе, а на суд изјави дрско дека помислил дека е тоа пајак.
Линдси останал сам со детето по име Чејси Диринг, кој бил син на неговата девојка Мишел. Таа тогаш била во шопинг со своите пријателки.
Било четири часот наутро, а продавницата во која отишла работела 24 часа. Линдси вели дека бебето му заспало на градите. Вели дека се разбудил и скокнал, мислејќи дека по него оди пајак.
Бебето паднало и удрило со глава во радијаторот и починало.
-Изгледа 60 пати му викал, еј ти. Урлал и почнал да вика дека нешто не е во ред со бебето. Пцуел, а потоа в 8.20 часот телефонирал и на мајката и рекол дека нешто не е во ред со бебето, сведочеше соседот.
Линдси пред некој ден ме запроси и планиравме венчавка, рече Мишел на суд.
Нејзината пријателка рече дека биле во шопинг кога Линдси и се јавил на вереницата. Отишле веднаш дома и ги видела лекарите како се обидуваат да му помогнат на бебето.
Мишел од шок се онесвестила. Рекла дека Линдси се трудел околу бебето, дека помагал и имал многу трпение околу детето кое не било негов син.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место