-->
-->
Страотна сообраќајка во Тетово: Меѓу повредените има 6. годишно девојче
-->
Нема крај на сообраќајните несреќи во Македонија. Вчера во 13 часот и 45 минути на локалниот пат за селото Фалише во Тетово, Форд управуван од 17-годишен малолетник се судрил со друг автомобил марка Опел, управуван од 34-годишниот З.Б. од селото Стрименица.
Во незгодата, возачот на „Опел Вектрата“ и неговата сопатничка Р.Б.(38) се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на скопските Клиники. Со тешки телесни повреди задобило и 6-годишно девојче од истото возило. Тоа со скршеница на рамо е задржано во тетовската болница за натамошно лекување.
Исто така, во тетовската болница задржани се уште три сопатници одистото возило на возраст од 30, 32 и 37 години кои се здобиле со телесни повреди.
Полицијата извршила увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица