Страотна размена во Донбас: За украински војник разменета силувана девојка со отсечена рака и бебе родено во заробеништво
Властите на ДНР и војската на Украина како знак на добра волја договорија размена на заробеници.
Размената на затвореници е одржана на 24. јануари, а ДНР на украинската страна и го предадоа Роман Совков, роден 1989 година, кој пред шест месеци бил заробен кај Маринка.
Украина за возврат на ДНР му ја пушти Надежда Козлова, која била силувана од украински војник, а во еден момент таа од силувачот грабнала и активирала граната.
Како резултат на тоа, убиени се двајца украински војници, еден е повреден, а на несреќната девојка и е ампутирана подлактицата.
„Пред неколку дена прифативме девојка родена 1995 година на која десната рака и е ампутирана, а двете нозе скршени. Во заробеништво беше околу 3 години, и таму се породила и сега има едногодишно дете. Таа е во исклучително сериозна состојба и потребна и е рехабилитација, а ќе се обидеме да и ги излечиме нозете и да и ставиме протеза на раката, а за возврат пуштивме украински војник кој е болен зошто има дијабетес“, рече Дариа Морозова, комесар за човекови права на ДНР.
Ново на Сител
-
МНР го повика на консултации амбасадорот во Албанија
-
Ќе се спојуваат разузнавачките агенции, утре на владина седница нови именувања во третиот ешалон
-
Распишан тендер за нова компресорска станица – хируршките сали на Клинички нормално ќе профункционираат во декември
-
Фејсбук измама со криптовалути, злоупотребено името на премиерот
-
Преглед на вести од светот
-
Престрелка во Батинци - Убиен 34 годишен маж
-
Преглед на вестите од светот
-
Има ли можност за нови преговори со Бугарија?