Македонија
12. February 2016 - 20:17

Странски експерти ќе го испитуваат квалитетот на високото образование во Македонија

Странски експерти ќе го испитуваат квалитетот на високото образование. Одборот за акредитација до крајот на годинава ќе има прецизна слика, дали универзитетите ги исполнуваат условите за работа. Ќе се скенира работата и на државните и на приватните универзитети. Професорката Каракамишева која е член на одборот смета дека има сериозен проблем со квалитетот во високото образование . Експертката анализа треба да с енаправи по што ќе се затворат оние факултети кои не го исполнуваат нивото на квалитет.

Каракамишева смета дека бројот на Униерзитетот не го нарушва квалитетот , напротив конкуренцијата треба да донесе нов квалитет. Таа не е против основањето на Универзитетот за безбедност Дамјан Груев. Вели, неговото формирање требало да се сличи  уште во 91-та.

Професорката Каракамишева синојќа присуствуваше на јавна дебата за потребата од одтворење на нови универзитети која ја организираше студентскиот пленум.